До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, пристигна во Австралија, каде ќе се бори од 18 јануари до 1 февруари за нов трофеј на својот омилен гренд слем турнир.
Новак го заврши првиот тренинг во Мелбурн и на своите ривали им испрати јасна порака – дојде да испише нови страници од историјата.
Ѓоковиќ изгледаше одлично на теренот, тренингот го одработи со чешкиот тенисер Јиржи Лехечка, а кога влезе на теренот го видовме неговиот стандарден ритуал. Го допре бетонот, а потоа ја стави раката на срцето.
🚨 Breaking : Novak Djokovic has arrived at the Australian Open!!
— SK (@Djoko_UTD) January 13, 2026
King of Rod Laver Arena is back 🐐pic.twitter.com/WwjXAswVkN












