Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер еднаш уште еднаш се потсети на времето поминато во затвор, а во најновото сведоштво откри дека останал без 99 проценти од пријателите. Сепак, имаше такви кои го изненадија и му дадоа неочекувана поддршка за време на најтешкиот период во животот. Меѓу нив беше и Ѓоковиќ, кој во тој момент беше на врвот на кариерата и не мораше да излезе јавно за тоа, но сепак го направи тоа.
Легендарниот ас помина осум месеци во затвор поради затајување на даноци и големи долгови, откако претходно прогласил банкрот. Поранешниот шампион на Вимблдон никогаш нема да го заборави она што Новак го направи за него.
„Ми даде поддршка и утеха, во тој момент беше најдобар играч на светот. Ми помогна да ја надминам тешката ситуација, никогаш нема да го заборавам тоа. Убави работи се случија, не го очекував тоа од Новак и уште некои луѓе”, изјави легендарниот Германец и додаде:
„Новак убаво зборуваше за мене на прес-конференцијата. Ми даде поддршка, не го очекував тоа. Ние сме семејство. Во тешки времиња знаеш кој навистина се грижи за тебе, а кој не”, рече Бекер.
„Срцето ми се крши кога го гледам низ што поминува. Борис секогаш беше љубезен кон мене и моето семејство, а имавме одлична врска низ годините и постигнавме големи работи во овој спорт”, изјави еднаш Ѓоковиќ.














