На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ даде прво интервју за „Вијести“ и притоа зборуваше за бројни теми, меѓу другото за своите корени од Црна Гора.
„Многу време поминував во Црна Гора во последните четири години, најчесто во летниот или пролетниот период, кога малку се затопли на приморјето, исклучиво затоа што имам можност да некако комбинирам и одмор и да започнам со подготовките“, кажа Ѓоковиќ и потоа истакна дека покрај добрата клима за Црна Гора го врзува и неговото потекло:
„Многу сум горд на моите корени, се трудам да одржувам контакт и со поширокото семејство Ѓоковиќ“, рече Новак.