Ѓоковиќ има проблем со законот и мора да плати казна?


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ доби казна за прекршување на законот во Шпанија.

Станува збор за казна поради незаконска градба на неговата вила во Шпанија и треба да плати казна од 5.000 евра.

Според пишувањето на шпанскиот медиум „Marbella 24“, Новак без дозвола направил измени на куќата чија вредност се проценува на 10 милиони евра.

„Според нашето ексклузивно сознание, Градскиот совет на Марбеља од февруари 2024 година има отворен предмет за урбанистичка легализација против српскиот тенисер и неговата сопруга”, се вели во текстот на шпанскиот медиум.

Се наведува дека ова на Ѓоковиќ му е втора казна од 5.000 евра за истиот прекршок, како и дека не ја презентирал неопходната документација – ниту ја урнал спорната градба.