Ѓоковиќ лесно го помина Маестрели и без загубен сет се пласираше во третото коло на Австралијан опен


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ рутински го совлада Франческо Маестрели и се пласираше во третото коло на Австралија опен.

Најдобриот тенисер на сите времиња победи во три сета (6:3, 6:2, 6:2) и продолжи со добри партии по одличната победа во првото коло над Педро Мартинез. Ни во еден момент не се доведуваше победата во прашање, туку беше само прашање колку гејмови ќе освои Маестрели.

Во следната рунда Ѓоковиќ ќе му биде ривал на победникот од дуелот Ван де Зандшулп – Шанг.