До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс по тешката победа над Александар Ковачевиќ, но по натпреварот откри дека има здравствен проблем кој му ја отежнува играта.
Српскиот тенисер најпрво го пофали Ковачевиќ и истакна дека има голема почит кон него.
„Имам мал проблем со подлактицата, посебно при сервисот, оттука и двојните грешки. Ова малку ме фрустрира на теренот и кога играте против некој што добива многу лесни поени на прв сервис, јас тоа не го имав во вториот сет, многу морав да се борам од основната линија додека Ковачевиќ полесно ги поминуваше своите сервис-геми“, рече Ѓоковиќ.












