Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ одржа прва прес-конференција пред почетокот на мастерсот во Мадрид, на која се осврна на низа теми – од тековната форма, преку отсуството на Карлос Алкараз, па сè до своите сопствени фрустрации и тениските предизвици кои ги носи долга сезона.
Во неговиот прв натпревар во Мадрид, Ѓоковиќ ќе игра против Италијанот Матео Арналди, а овој дуел е закажан за сабота, на 26 април.
„Најмногу ми недостигаше атмосферата во Мадрид, една од најдобрите во светот на тенисот. Целиот центар, терените, сè е многу убаво, со одлична атмосфера, особено кога се игра навечер. Секогаш сакам да покажам добар тенис кога играм тука, играв само два-три пати во последните седум-осум години. Оваа година го барам оној ниво на кој можам да го покажам својот тенис, онаa посакуванаа форма, да се подготвам за Ролан Гарос. Немам големи очекувања во однос на резултатите, морам да бидам искрен. Не знам, имам голема желба да играм тука, луѓето ме поддржуваат, добро се чувствувам на тренинзите, има многу позитивна енергија, се надевам дека можам да ја искористам за да играм добро тука.“
Фотографија: Принтскрин