Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ утре ќе игра против Филип Мизолиќ во третото коло на Ролан Гарос, а српскиот тенисер побара неговиот меч против Австриецот да биде во попладневниот термин.
Причината е финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Интер кое е закажано за 21 часот.
Познато е дека Новак е навивач на Милан кога станува збор за меѓународната сцена, па можеби не изненадува одлуката да не навива за најголемиот ривал на “росонерите”.
„Ќе навивам за Пари Сен Жермен. Сигурно ќе го гледам тој дуел ако не морам да играм во тоа време“, изјави Ѓоковиќ синоќа по победата.
Артур Фис, исто така, најави дека би сакал да го избегне вечерниот термин, па организаторите ќе имаат полни раце работа при составувањето на утрешниот распоред.
Фото: Grok AI