Ѓоковиќ пред настапот во Мадрид: Се надевам дека можам да стигнам до полуфинале против Алкараз


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ одигра најмногу мечеви во кариерата против Рафаел Надал, безброј пати го истакна кралот на земјата како свој најголем соперник, а тоа го повтори и во Мадрид на доделувањето на наградата „Лауреус“ за најдобри спортисти во светот.

„Секогаш ги помнам големите партии, особено против Надал, мојот најголем ривал – се присети на извонредните дуели на големиот стадион во шпанскиот главен град. – Но, исто така се сеќавам дека овде последен пат загубив полуфинале против Алкарас.

Ако двајцата победуваат, би можеле повторно да се сретнат во борба за пласман во финале:

– Се надевам дека можам да стигнам до полуфинале со него бидејќи сè уште го барам моето максимално ниво – истакна најдобриот тенисер на сите времиња кој во Мадрид славеше три пати.

Фото: Принтскрин