Ѓоковиќ се соочува со повреда пред осминафиналниот натпревар на Вимблдон!?


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ, српскиот ас во тенисот, повторно има здравствени потешкотии во клучните моменти на Вимблдон – турнир на кој се надеваше дека конечно ќе го освои 25-тиот грен слем пехар, историски подвиг што го посакува веќе подолг период.

Како што пренесуваат српските медиуми, Ѓоковиќ се сретнал со нова повреда непосредно пред мечот во осминафиналето против Австралиецот Алекс Де Минор, кој е закажан за понеделник во 14:30 часот.

Иако сѐ уште нема официјални информации за типот и сериозноста на повредата, загриженоста кај неговите фанови е забележлива.

Фото: Принтскрин