Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Роден во Југославија, Новак Ѓоковиќ би сакал таа земја повторно да постои.
– Во моите најлуди соништа тоа би било идеално сценарио – рече најдобриот тенисер на сите времиња во интервју за американското списание Џи-Кју. – Би рекол дека тоа е перфектно сценарио. Зошто да не? Ако сите ние зборуваме ист или многу, многу, многу сличен јазик. Ние се разбираме совршено.
Ноле потоа набројува уште сличности меѓу народите во регионот.
– Ако ги погледнете нашите народни носии, музика, игри, храна. Истите се! Само различни зборови за тоа да го опишат. Затоа сум јас поборник да ни се приближиме колку што е можно повеќе. А дали е можно повторно да станеме иста земја? Мислам дека тоа не е реално возможно. Но, ништо не е невозможно, вели Ѓоковиќ.