Ѓоковиќ за солзите во Атина: Сѐ додека сум жив, ќе го славам неговото име


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ не можеше да ги сокрие емоциите по триумфот во второто коло на “Хеленик Чемпионшип” во Атина. Откако го совлада Алехандро Табило со резултат 7:6 (3), 6:1, организаторите на турнирот му приредија посебно изненадување — беше прикажано видео посветено на неговиот поранешен тренер Никола Пилиќ, кој почина во септември на 86-годишна возраст.

За време на снименото видео, Ѓоковиќ едвај успеа да ги задржи солзите. Со причина, бидејќи Пилиќ имаше пресудна улога во развојот на најдобриот тенисер во светот на сите времиња, бидејќи Новак уште на 12 години стигнал во неговата академија во Германија.

По мечот, Ѓоковиќ за ATP сајтот изјави:

– Тоа беше многу емотивен момент. Со оглед на тоа што значеше тој за мене и за моето семејство — и приватно и професионално — тој беше мојот тениски татко, како што сакам да го нарекувам. Беше некој кој одигра клучна, суштинска улога во мојот развој како тенисер и како човек. Многу ми беше тешко кога чув дека почина.