До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и оваа година ќе се обиде да направи исчекор на најголемата сцена, откако повторно обезбеди место во квалификациите за првиот гренслем во сезоната – Австралијан опен.
Ѓорческа официјално се најде меѓу пријавените тенисерки за квалификацискиот турнир, а во наредните денови ќе биде познато и името на нејзината прва противничка на патот кон пласман во главната ждрепка.
Македонката има искуство во Мелбурн, каде што најголем успех имаше во 2017 година оствари еден од своите најзапаметени настапи, стигнувајќи до третото коло од квалификациите, каде што беше запрена од Стефани Вогел.












