Ѓорческа немоќна против Ружиќ во полуфиналето во Марибор


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап на ИТФ турнирот во Марибор, откако беше елиминирана во полуфиналето.

Во борбата за пласман во финалето, Ѓорческа се соочи со хрватската тенисерка Антонија Ружиќ, втора носителка на турнирот, која успеа да ја совлада со резултат 2-0 по сетови (6-3, 6-2).

Ова е трет последователен пораз на Ѓорческа од Ружиќ, откако претходно беше поразена од неа во октомври минатата година на турнирот во Братислава, како и на натпреварите од Били Џин Купот, кога настапуваше за македонската национална репрезентација.