Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, успешно ја победи Мариам Болквадѕе од Грузија со 2:0 во сетови, што и овозможи пласман меѓу најдобрите четири на турнирот од В75 серијата во Марибор.
Откако вчера ја елиминираше четвртата носителка, Французинката Џесика Покет, која беше многу подобро рангирана, денес Ѓорческа ја исполни улогата на фаворит против Грузијката.
Првиот сет го заврши во своја полза со 7:5, а во вториот сет покажа уште подобра игра, победувајќи со 6:3, што резултираше со коначно 2:0.
Во полуфиналето, Ѓорческа ќе се соочи со победничката од дуелот помеѓу Јуван од Словенија и Ружиќ од Хрватска.