Ѓорческа со импресивен пресврт го освои трофејот во Куршумлијска Бања


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Лина Ѓорческа, врвната македонска тенисерка, повторно го истакнува својот квалитет на меѓународни турнири, со освоениот трофеј на ИТФ натпреварувањето во српскиот тениски центар Куршумлијска Бања.

Во денешното финале, Ѓорческа ја победи грчката тенисерка Марта Матула, со краен резултат од 2-1 во сетови (2-6, 6-0, 6-4).

Иако натпреварот не го започна најдобро и го загуби почетниот сет со 2-6, нашата тенисерка успеа да направи извонреден пресврт. Со апсолутно доминирање во вториот сет каде победи со 6-0, таа покажа психолошка цврстина и физичка подготвеност во третиот сет, кој беше клучен за победата.

Фото: Принтскрин