Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка, продолжува со успешните изведби на меѓународната тениска сцена. Во осминафиналето на турнирот во Србија ја победи Италијанката Виторија Паганети со чисти 2-0 во сетови (6-3, 6-4).
Иако на почетокот мечот не ветуваше многу за Ѓорческа, бидејќи Паганети успеа да направи ранен брејк и да поведе со 3-1, македонската тенисерка брзо се стабилизираше. Одговори со два последователни брејка и со агресивна игра и стабилен сервис го освои првиот сет со 6-3, правејќи комплетен пресврт.
Во вториот сет, Ѓорческа започна уште поефикасно, веднаш откако го одзеде сервисот на противничката и поведе со 2-0. Паганети успеа кратко време да израмни на 2-2, но тоа беше нејзиниот максимум. Ѓорческа повторно го превзеде водството, контролирајќи ја играта до крајот за конечна победа со 6-4.
Фото: Принтскрин