Ѓорческа загуби против расположената Стусек во Германија


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше тешка задача на почетокот од турнирот во Хехинген, Германија. По жестока борба, таа беше поразена од Германката Јулија Стусек со резултат од 1-2 во сетови (5-7, 6-2, 3-6).

Ѓорческа започна силно во првиот сет, правејќи два брејка и водство од 5-2. Меѓутоа, наместо да го заврши сетот во своја корист, дозволи Стусек да се врати и да го направи пресвртот, освојувајќи пет последователни гема за резултат од 7-5.

Вториот сет донесе ново мачене на сервисот за двете тенисерки, но Ѓорческа, со агресивна игра од основната линија, го освои сетот со убедливи 6-2.

Расплетот во третиот сет беше драматичен. Ѓорческа поведе со 2-0, но историјата од првиот сет повторно се обистини — Стусек заигра посилно и со низа од шест добиени гема ја заклучи партијата во своја корист со 6-3.

Фото: Принтскрин