Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арда Ѓулер, фудбалер на Реал Мадрид, не смета дека ја освоил титулата во Лигата на шампионите, иако беше дел од тимот во 2024 година, кога шпанскиот гигант триумфираше со 15-та титула во ова престижно натпреварување.
Во финалето, турскиот фудбалер беше дел од составот, но не доби шанса да заигра под водство на тренерот Карло Анчелоти. Со тоа, Ѓулер не го почувствува моментот како европски првак и ова го мотивира да има амбициозни цели за понатаму.
„Не ја освоив Лигата на шампионите, таа не е моја. Затоа морам да работам за уште една титула. Сакам децата во Турција да можат да кажат: Арда успеа,“ вели Ѓулер.