Ѕвездата заминува во јануари: Реал Мадрид се откажува од скапо платен играч


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Колумбискиот играч Родригез планира да го напушти Реал Мадрид.

    Медиумите пишуваат дека тој одлучил да замине од Реал, па на почетокот на јануари најверојатно ќе биде поранешен играч на Реал.

    Тој во Реал дојде во 2014 година од Монако за 75 милиони евра. Иако постигна 17 голови и 18 асистенции во првата сезона, подоцна беше принуден да ја чека својата шанса од клупата.

    Зидан очигледно не е негов љубител, па му дава се помалку шанса. Во дербито во Мадрид одигра само 7 минути додека против Спортинг тој воопшто не играше.

    Оваа сезона има одиграно помалку од 500 минути во сите натпреварувања и сака да го напушти Реал Мадрид.