Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британски Мирор открива дека Денис Суарез во овој преоден рок сака да ја напушти Барселона.
„Ѕвездата на Барселона, Денис Суарез сака да се придружи на Арсенал во овој преоден рок. Се надева дека клубовите можат да се договорат за трансфер до крајот на месецот“, пишува Мирор.
Суарез според пишувањата на британските медиуми, е најголема желба на Арсенал во зимскиот преоден рок. Барселона нуди опција за позајмица до летото со откуп за 18 милиони евра до крајот на сезоната.
Суарез веќе порано во Севиља играше под водство на сегашниот тренер на Арсенал, Унаи Емери.
Изминатиот месец 25-годишниот играч за врска се пожали дека не е среќен со својот статус во Барселона.
„Не сум среќен, сакам да играм. Јас сум фудбалер, а фудбалерите сакаат да играат фудбал. Се надевам дека до следниот летото повеќе ќе играм“, истакна Суарез, но по тоа интервју неговиот статус не се промени, па очигледно дека ќе го напушти клубот.
Интерес за него покажаа Милан и Рома.