Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Иран беше на чекор од сензација и пласман во осминафиналето на Светското првенство во Русија. Меѓутоа, не успеаа во тоа и им недостигаше само еден гол во дуелот против Португалија.
Испаѓањето од Мундијалот не е единствен удар за селекцијата на Иран. Останаа и без 23-годишната ѕвезда Сардар Азмун, кој одлучи да се повлече.
„Пред Мундијалот мојата мајка победи сериозна болест и бев многу среќен. Меѓутоа поради грубоста на некои луѓе и навредите кон мене и соиграчи, кои незаслужено ги добивме, нејзината болест се врати и стана сериозна. Тоа ме стави во тешка позиција и морав да изберам помеѓу мајка ми и репрезентацијата“, вели фудбалерот.
Членот на руски Рубин Казан го нарекуваат „ирански Меси“, а во 33 одиграни натпревари постигна 23 гола.