Ѕвездата на Монако и се понуди на Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Метата на Јунајтед, Фабињо за медиумите призна дека негова цел е играње во ПЛ.

23-годишниот фудбалер импресионира во дресот на Монако оваа сезона, а неговиот тим моментално е прв во Франција со 3 бодови предност пред ПСЖ.

Бразилецот поголемиот дел од натпреварите ги играше во редот за врска, но може да игра и како десен бек.

„Моја цел е да играм во клуб како што е Манчестер Јунајтед. Не знам дали еден ден ќе играм во Јунајтед, но ќе се обидам да работам напорно за да стане тоа реалност.“

Бразилецот оваа сеозна одигра 35 натпревари во сите натпреварувања и постигна 6 голови и 4 асистенции.