Ѕвездата на „Црвените ѓаволи“ повторно повреден, го пропушта и Исланд…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, белгискиот напаѓач, Ромелу Лукаку, поради повреда на препоните нема да игра против Исланд во Лигата на нациите, објави Белгискиот фудбалски сојуз.

Лукаку во неделата во поразот на Манчестер Јунајтед влезе како замена, но ги пропушти претходните два натпревари против Борнмаут и Јувентус поради истата повреда.

Лукаку не постигна гол за Јунајтед веќе десет натпревари но беше стрелец за Белгија против Швајцарија во Лигата на нациите изминатиот месец.

Белгија дочекува Исланд на својот стадион вечерва, а во неделата гостува во Швајцарија.