Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Тотнем, Сон Хеунг Мин, вчера го постигна единствниот гол за Јужна Кореја против Мексико, а со новиот пораз тие повеќе немаат шанса за осминафинале.
Сон по крајот на мечот почна да плаче и продолжија солзите да течат и пред новинарите, па дури и во соблекувалната. Не можеше да се контролира и неговото плачење сите ги загрижи.
„Игравме како нашите животи да зависат од натпреварот. Се обидувам да ги сопрам солзите, но не можам. Знам колку сакаа сите да успееме. Некои од нас дури и повредени играа“, вели Сон.
Како и многу мажи од Јужна Кореја, така и Сон се соочува со можност да замине во војска бидејќи во таа земја служењето војска е задолжително.
Без разлика на тоа дали биле ѕвезди или не, пејач, спортист или друго, жителите на Јужна Кореја мора да одат во војска.