Ѕвезда на Интер со коментар за трансфер во Манчестер: Сè е можно во фудбалот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во рамки на петтото коло во Лигата на шампиони, Интер ќе се обиде вечерва во битката со Тотнем да избори пласман во нокаут-фазата.

Фудбалерот на „нероаѕурите“, Иван Перишиќ се надева на триумф на неговата екипа во Лигата на шампиони, но би се задоволиле и со нерешен реззултат.

Освен тоа, Хрватот зборуваше и за потенцијален трансфер во Манчестер јунајтед, кој ги следи неговите настапи веќе некое време.

„Веќе реков дека тоа е сон и дека сè е можно во фудбалот, но во моментов сум сконцентриран на Интер. Се трудам да му помогнам на својот тим, иако немав многу одмор во последно време“, кажа Перишиќ.