Ѕвезда на Реал Мадрид се сели во Премиер лигата за 100 милиони евра!?


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Сè укажува дека желбата на Пеп Гвардиола ќе се исполни и дека ќе го доведе играчот на Реал Мадрид што долго време го посакува во своите редови во Манчестер Сити.

Реал Мадрид го очекуваат сериозни промени во текот на летото. Чаби Алонсо ќе стане новиот тренер, по што следи решавање на играчката сложувалка.

Веќе некое време се спомнува кој ќе замине од Кралевите, а изгледа дека еден играч согласува да биде жртвено јагне со цел Реал да заработи огромна сума.

Според пишувањето на „Ok Diario“, Реал Мадрид одлучил да го жртвува Родриго, при што наводно Бразилецот се сложил на таа идеја под еден услов.

Тој единствен услов е премин во Манчестер Сити, бидејќи одличниот напаѓач сака и понатаму да игра на врвно ниво и не го интересираат егзотични дестинации како Саудиска Арабија.

Родриго најрадо би останал во Реал, минатата година го обнови договорот до 2028 година, но повеќе не сака да биде 12. играч и совршена замена, туку редовен стартер.

Минатата сезона Карло Анчелоти го користеше редовно, но со доаѓањето на Килијан Мбапе постепено повторно го пресели на клупа.

Фото: Принтскрин