Ѕвезда од 70 милиони евра најави дека го напушта Манчестер јунајтед


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Манчестер Јунајтед синоќа повторно ги разочара своите навивачи, откако на „Олд Трафорд“ беше поразен од Њукасл со 0-2 во рамките на 19. коло на Премиерлигата. Поразот ги продлабочи проблемите на клубот, а според шпекулациите, овој натпревар можеби беше и последен за Бразилецот Касемиро во дресот на „Црвените ѓаволи“.

И покрај доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим, кој требаше да внесе свежина и пресврт во резултатите, тимот продолжува да бележи разочарувачки настапи. Заминувањето на Ерик тен Хаг не донесе промена, а ситуацијата на „Театарот на соништата“ останува тешка за навивачите.

На натпреварот, Аморим по само половина час го повлече Зиркзе од игра, што според многумина беше јасен знак за немоќта на тимот. Конечно, од првата минута на теренот се појави и Касемиро, но се чини дека тоа ќе биде неговото последно појавување во црвениот дрес.

Бразилскиот интернационалец пристигна како големо засилување во Јунајтед во летото 2022 година од Реал Мадрид, за неверојатни 70 милиони евра. Сепак, и покрај високите очекувања, неговото време во клубот се смета за неуспешно. Англиските медиуми пишуваат дека по натпреварот, Касемиро му соопштил на Аморим дека планира да го напушти клубот за време на јануарскиот трансфер период.