Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јанис Антетокунмпо го претставуваше националниот тим на Грција од 2013-та година и импресивните настапи го доведоа до најголемата чест која можеше да му се укаже – да биде капитен на националниот состав.
Ѕвездата на Милвоки Бакс е нов капитен на кошаркарската репрезентација на Грција и денес тоа го потврди неговиот колега од националниот состав, Вангелис Манцарис.
“Нема што повеќе да се каже, Јанис е ѕвездата и лидерот на овој тим. Тој е Ол-Стар играч во НБА лигата и првиот играч на кој тоа му пошло од рака. Би биле луди доколку не се потпреме на неговиот талент. Тој е единствениот избор за капитен на репрезентацијата.” – изјави Манцарис.
Јанис Антетокунмпо беше веќе неколкупати дел од грчката репрезентација на националните собири а летово ќе го предводи составот на Грција на ЕвроБаскетот кој почнува на 31 август.