Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Дукати, Андреа Јаноне доби дозвола оваа недела да учествува на трката во Мото ГП шампионатот во Арагон.
Италијанецот пред 2 недели падна на тренингот за ГН на Сан Марино, по што лекарите констатираа дека има напукнат пршлен.
Јаноне и затоа не возеше на трката во Мизан, но сега доби дозвола од лекарите и може да се натпреварува во Шпанија.
„Последните неколку денови се обидувам во целост да оздравам и да се одморам по случувањето во Мизан. И понатаму во грбот чувствувам болка, но ќе се обидам да се натпреварувам. Се надевам дека ќе бидам во добра форма и ќе ги трпам болките, бидејќи на оваа патека минатата година направивме позитивен резултат.“