Јансен заминува од Тотенхем


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Од редовите на Борусија Мехенгладбах се заинтересирани за вториот напаѓач на Тотенхем, Винсент Јансен.

Холанѓанецот имаше сезона за заборав во дресот на „Петлите“ постигнувајќи само шест погодоци на 38 натпревари во дресот на Тотенхем.

Според „Билд“ Борусија Мехенгладбах е спремна да плати 12 милиони фунти за неговиот потпис, а од Тотенхем веројатно ќе се согласат на оваа понуда.