Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Норвешкиот скијач Кјетил Јансруд победи денес во супер-велеслалом во Санта Катерина.
Тој стигна до 3-та победа оваа сезона во супер-велеслалом, а претходно успеа да победи во Вал Д`Изер и Вал Гарден, а ова му е вкупно 18-та победа во Светскиот куп.
Зад Јансруд заврши Хан Раихелт додека на победничкиот подиум се качи и Доминик Парис.
Во вкупниот пласман на Светскиот куп лидер е сеуште Марсел Хиршер со 633 бодови додека зад него е Јансруд со 482.