Јанузај заминува од Јунајтед и се сели во Примера


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Марка“, Реал Сосиедад започнал преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на крилниот фудбалер, Аднан Јанузај.

Од Сосиедад подолго време го следат Белгиецот, а сакаа да го потпишат и кога Дејвид Мојс беше тренер на нивниот клуб, но тогаш од Манчестер Јунајтед тогаш не го дозволија овој трансфер.

Јанузај посакува трансфер затоа што му е јасно дека не може да се избори за место меѓу стартните 11 во Манчестер Јунајтед, а клубот од „Олд Трафорд“ за неговите услуги бара минимум десет милиони евра.

Од Сосиедад ќе се обидат да ја намалат цената со тоа што ќе вклучат клаузула со која при следна продажба и Манчестер Јунајтед ќе може да земе дел од добивката на Реал Сосиедад.