Јанузај се сели во Франција?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Манчестер не сметаат на Јанузај, па тој по завршувањето на позајмица во Сандерленд ќе замине во Франција.

Агентот изјави дека неговиот клиент го сака Олимпик Лион.

„Неколку француски клубови се заинтересирани за Аднан, засега најупорен е Лион. Ќе ги разгледаме понудите, па ќе донесеме одлука.“

Извори блиски до Манчестер тврдат дека Јанузај го завршил своето и дека ќе биде продаден кога ќе заврши позајмицата.

Јанузај не импресионираше во дресот на Сандерленд, иако се веруваше дека Мојс може да му ја врати формата.