Јапонците открија колку пари ќе заработи Мејведер за новата борба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Флојд Мејведер ќе се врати во рингот на 29. декември, а негов противник ќе биде јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава.

Во боксерската кариера Мејведер никогаш нема доживеано пораз и има 50 победи, па младиот јапонец ќе се обиде да му го расипе тој резултат.

Јапонците открија дека вкупната сума на пари која Мејведер ќе ја добие е 88 милиони долари.

Односно Мејведер ќе добие 62 милиони долари, додека уште 26 милиони долари за ТВ-права.

Оваа сума е многу помала од таа која ја доби минатата година, односно 275 милиони долари од борбата со Конор Мекгрегор.