„Јас секогаш ќе бидам тука за Челси!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер, Франк Лампард изјави дека би сакал да се врати на Стемфорд Бриџ.

Лампард во минатото помина 14 години во Челси и го сметаат за легенда во тимот, а сега по разделбата со Њу Јорк стана слободен играч и сака да се врати во Лондон.

„Јас секогаш ќе бидам тука за Челси, како Џон Тери. Имам подготвена сезонска карта, па така ќе бидам тука, ќе ги гледам и ќе бидам во контакт. Што се однесува до опцијата да се вратам како играч, тоа не е во мои раце и не можам ништо повеќе од ова да направам.“

„Сепак ако дојде понуда, јас ќе ја прифатам. Би сакал повторно да играм за Челси.“

Лампард за Челси одигра 648 натпревари.