„Јас сум виновен, јас згрешив…“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Марк Маркез изгледа дека малку се опушти по освојувањето на 3-та титула во Мото ГП.

    Шпанецот во Австралија направи сериозна грешка и неговата Хонда заврши во песокот.

    „Прво сакам да му се извинам на мојот тим бидејќи ми подготвија нов мотор и јас згрешив и ја уништив цела нивна работа. Најверојатно ќе беше поинаква трката ако борбата за титулата не беше завршена.“

    Тој го пофали и победникот на трката, Кал Крачлоу.

    „Многумина се сомневаа дека може да победи, но сега најверојатно на сите им е јасно за каков возач станува збор.“