„Јас сум како Тесла!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Најдобриот стрелец на стартот на новата сезона во НБА лигата, ДеМар ДеРозан беше многу задоволен по победата на својот тим.

    Торонто има само еден пораз во новата сезона во 5 натпревари и тоа од Кливленд, а ДеМар ДеРозан игра фантастично.

    Тој моментално е најдобар стрелец во лигата со 36.3 поени по натпревари.

    Медиумите го прашаа дали му „снемува гориво“ кога има околу 20 удари по натпревар.

    „Не, не воопшто. Јас сум како Тесла автомобил.“

    Инаку, тој на минатиот натпревар постигна 34 поени, а тоа е 5-ти натпревар на кој има повеќе од 30 поени и само чекор го дели од рекордот на Мајкл Џордан кој успеа тоа да го направи 6 пати по ред на Истокот.