Ја преживеа авионската несреќа на Чапекоенсе и се врати на терените


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По големата трагедија која се случи на тимот на Чапекоенсе на 28 ноември минатата година, кога животот во авионска несреќа го загубија речиси сите членови на клубот, еден од преживеаните играчи му се враќа на фудбалот.

Алан Рашел, еден од тројцата преживеани играчи успешно се опорави од повредите здобиени во несреќата и пред неколку дена го одигра својот прв натпревар по осум месеци надвор од терените. Имено, Бразилецот одигра 40 минути во пријателскиот натпревар кој Чапекоенсе го одигра со Јпиранга.

„Имам пеперутки во стомакот, подготвен сум целосно да се вратам на фудбалот“- коментираше Рашел по мечот со Јпиранга.

Сега се очекува Рашел да биде предводник на тимот на пријателскиот натпревар против големата Барселона кој ќе се игра на 8 август на „Камп Ноу“.

Покрај Рашел авионската несреќа ја преживеаја и играчот од одбраната Хелио Нето, кој исто така ќе му се врати на фудбалот кога ќе закрепне целосно, како и младиот голман Џексон Фолман кој за жал изгуби една нога, но ќе остане во фудбалот како тренер и советник на голманите на Чапекоенсе.

„Ќе се вратам во 2018 година. Јас сум како стар автомобил, имам проблеми насекаде. Имав операција на жолчниот меур, а следната недела ќе одам на операција на коленото“- изјави Нето.