Јирген Клоп објасни каде и на кои позиции ќе игра Чемберлејн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека новото засиување на тимот, Окслејд Чемберлејн, може да игра на четири позиции.

Главниот човек на „Енфилд“ изгледа како сеуште да нема одлучено каде и како ќе го користи играчот кој ги чинеше 40 милиони фунти.

Арсен Венгер, го користеше играчот како крилен напаѓач, во последните негови денови на „Емирати“, а 24-годишниот ОКС, ја одби богатата понуда од Челзи, бидејќи се плашел дека ќе добие иста улога како онаа во Арсенал, а тој би сакал да игра во средината.

Зборувајќи за новото засилување на денешната прес конференција Клоп, изјави дека може да игра на четири позиции.

„Во системот кој моментално ние го играме, тој може да игра на четири позиции“. – изјави Клоп.

„Тој може исто така да игра и во средината и на крилните позиции“ – јасен беше германскиот менаџер.