Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски по победата против Хонвед на првиот натпревар во првото квалификациско коло од Лига Европа истакна дека е задоволен што тимот стартувал со победа во европските натпревари.
СО оваа победа шансите за „романтичарите“ за пласман во следната рунда секако се зголемија, но Јовановски е свесен дека во Будимпешта ќе има уште еден тежок натпревар.
„Секоја победа во Европа е важна. Имаме триумф од 2-1 и одиме на реваншот со подеднакви шанси за пласман во следната рунда. Хонвед покажа дека е квалитетен тим, па сосема јасно не очекува уште еден тежок меч во Унгарија. Во Будимпешта одиме да постигнеме гол кој секако многу би ни ја олеснил задачата за пласман во следната рунда европски натпревари“ – вели Јовановски.
Реванш натпреварот меѓу Работнички и Хонвед во Будимпешта се игра на 17. јули.