Јовановски: Подготвени сме за Хонвед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски смета дека клубот е подготвен да се соочи со унгарскиот тим на Хонвед во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.

По подготовките во Словенија, кои не поминаа баш најдобро, „Романтичарите“ се вратија во Скопје каде утре во 17:30 часот против Вардар ќе го имаат последниот тест пред натпреварот со Хонвед.

Јовановски вели дека тие се подготвени за предизвикот во квалификациите од Лигата на Европа.

„Не минавме најдобро на резултатски план на пријателските натпревари, но, тие сепак служат за воигрување на тимот и за испробување на повеќе варијанти во играта. Им дадовме шанса на сите фудбалери да се наметнат, и мислам дека подготвени ќе го дочекаме двомечот со Хонвед. Но, едно се пријателски мечеви, а сосема нешто друго да се игра во Европа. Допрва ќе видиме како сме се подготвиле. Верувам дека фудбалерите ќе го дадат максимумот, можеби Унгарците се и фаворити со оглед на традицијата и славното минато, но ние сме оптимисти и се надеваме на успех“- истакна Јовановски.