Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Од таборот на Фулам вчера и официјално потврдија дека Славиша Јокановиќ доби отказ, и на негово место експресно го назначија Клаудио Раниери.
Српскиот стратег кој го внесе клубот во Премиер лигата се јави во јавноста преку порака испратена на својот Твитер профил.
„Секогаш е разочарувачки кога ова ќе се случи, но јас секогаш ќе се сеќавам на мојот престој во Фулам со голема гордост и благодарност, навраќајќи се на одличните спомени уште од моето назначување како тренер на овој фантастичен клуб пред речиси три години.
Чувствувам дека му дадовме на фановите фудбалски идентитет и тим со кој може да бидат горди. Бев убеден дека може да ги свртиме работите во наша насока по слабиот старт на сезоната, нешто слично како што сторивме претходните години, но ја почитувам одлуката на клубот“- заклучи Јокановиќ.















