„Јорганџиите“ му ја препуштија комплетно довербата: Реализација на нов договор, за клучната алка во клубот?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мадридски Атлетико летово успеа да го задржи Антоан Гризман, потоа доведоа и неколку засилување, па се чини дека можат да загрозат битката на Барселона и Реал за титулата во Примера.

Моментално се на бод зад Барселона, но не толку поради својата заслуга, колку поради заслугата на каталонскиот клуб, кој игра доста променливо оваа сезона.

Реал е на три бода под нив, исто така благодарение на Барселона, кои под капа на Лопетеги доживеаа неколку навистина непријатни изненадувања.

Не блескаат ниту „Колчонеросите“, имаат шест победи и дури пет ремија, но и само еден пораз, нападот им е најголем проблем, па по 12 кола имаат гол разлика 12:12.

Сепак, во управата и натаму веруваат во Диего Симеоне и неговите пулени, веруваат дека ќе се промени ситуацијата со реализацијата, што би можело да донесе многу успеси за клубот оваа сезона.

Така, му понудија нов договор на аргнетинскиот стратег, преговорите се во тек и како што пренесува „Марка“ наскоро се очекува Чоло да ја парафрзира новата соработка со Атлетико Мадрид.