Јувентус ангажира играч на Манчестер јунајтед и тоа – бесплатно!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна заврши преодниот рок во Италија, а Јувентус дефинитивно имаше одлично пазарување во тој период. Ангажираа фантастични играчи, меѓу кои е и Кристијано Роналдо, кој стигна од Реал Мадрид.

Јувентус се обиде во овој преоден рок да го ангажира и Ентони Марсијал, но на крајот тој мораше да остане на „Олд Трафорд“.

Марсијал и Жозе Мурињо не се во добри односи, па Французинот сака да замине од клубот, а „старата дама“ ја следи постојано ситуацијата во клубот и го чека вистинскиот момент.

Марсијал има договор до наредното лето, па доколку не го продолжи, би можел да замине во Торино како слободен играч.