ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Тутоспорт“ пренесува дека од таборот на Јувентус „стокмиле“ понуда за играчот на Реал Мадрид, Марсело.
Актуелниот шампион на Италија наводно подготвил 45 милиони евра за играчот на „Кралскиот клуб“ и следното лето со сите сили ќе тргне по услугите на Марсело.
Бразилскиот репрезентативец важи за многу добар пријател со Кристијано Роналдо кој лично посакал да го има Марсело како свој соиграч.
Јувентус подготвил понуда и за играчот во висина од неверојатни 240.000 евра неделна плата со што би заработувал околу 12 милиони евра годишно.