Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, претходните недели имаше многу работа, а дел од своето време потроши на разговори за иднината на Миралем Пјаниќ.
Очигледно, Пјаниќ нема намера да ја напушти „Старата дама“, но неговиот агент Фали Рамадани во претходните денови инсистираше на негово заминување.
Ѕвездата на италијанскиот гигант останува во клубот бидејќи управата на Јувентус го предупреди Рамадани дека понуда помала од 100 милиони евра нема ниту да ја разгледуваат.
Рамадани и Паратичи вчера разговарале во Милано, а во наредните денови агентот на Пјаниќ ќе треба да ја претстави официјалната понуда на Манчестер сити за неговиот играч, за кој интерес покажаа уште Челси и Барселона.
Пјаниќ во моментов е на американската турнеја и според фотографиите на социјалните мрежи, на него воопшто не му се заминува од редовите на италијанската екипа.