Јувентус има две потенцијални засилувања, а на прагот е третото


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Познати се двата играчи кои ќе потпишат договор со Јувентус, а третото е многу блиску до екипата од Торино.

Емре Џан е веќе нов играч на Јувентус, барем така потврдија претходно, а освен него, Матео Дармијан ќе пристигне за 20 милиони евра од Манчестер јунајтед.

Се знае дека Калдара и Спинацола стигнуваат од Аталанта, тие беа на позајмица, а во клубот би можел да стигне и Муса Бароу.

Фудбалерот има 19 години и во моментов е еден од најталентираните во Европа, па го сакаат многу екипи.

Ова не е крај на трансферите, зашто се очекува враќање на Мората или доаѓање на Марсијал, а од екипата би требало да заминат Асамоа, Лихштајнер и Буфон.