Јувентус има премногу дефанзивци, па ќе продава еден од нив и тоа во – Милан!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Јувентус работат по план, па во моментов се на лидерската позиција и се на праг до пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампиони.

Сепак, поголемите предизвици пристигнуваат во текот на наредната година, но нив би можел да ги пропушти 31-годишниот Мехди Менатија.

Мароканецот не импресионира со своите настапи во „старата дама“, па би можел да си го „фати патот“ и да се пресели во Милан.

Неговата цена е 20 милиони евра, а освен Милан, за него интерес покажаа Борусија Дортмунд и Арсенал.

„Росонерите“ на почетокот на годината нема да може да сметаат на Ромањоли, Калдара и Мусакио, па би можеле да го купат Бенатија, кој ќе треба да е решение во одбраната.