Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бепе Марота можеби замина и со себеси однесе голема листа со потенцијални засилувања за Интер, но во Јувентус и понатаму размислуваат да „крадат“ фудбалери за – џабе.
Тоа повеќе пати им се исплатеше, а најмногу во случајот со Пол Погба, кој од Манчестер јунајтед го ангажираа како слободен фудбалер.
Подоцна, Французинот го урна светскиот рекорд со враќањето во Манчестер, а Италијанците повторно сакаат да земат фудбалер од таму, а станува збор за младиот талент на Манчестер сити, Фил Фоден.
„Мирор“ пишува дека неговиот договор завршува наредното лето, иако на „трансфермаркт“ пишува дека Фоден ќе остане во Манчестер до 2020. година, но ништо не е сигурно.
Пеп Гвардиола му верува, но не сака да му даде шанса во првиот тим, а Англичанецот нема време за чекање.